Секој втор млад човек сака да замине од Македонија

Повеќе од половина од младите размислуваат да се иселат од Македонија покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го изработи Институтот за политички истражувања.



Дури 52% од младите кои имаат помалку од 29 години рекле дека кројат планови да ја напуштат државата, а земјата размислуваат да ја напуштат близу 33% од граѓаните.

Анкетата покажува дека за помалку од 6 месеци, бројот на граѓани кои размислуваат за иселување се зголемил за близу 4 процентни, а главна причина за 80% од анкетираните е животниот стандард, објави Сител.