Веднаш по новогодишните празници, брзите тестови во аптеките станаа најпродаваниот производ. Матичните лекари се преполни со пациднти, а пред лабораториите редиците луѓе се предолги. Официјалните бројки на заразени со ковид покажуваат нагло искачување на новизаразени, па и во овој бран повторно во Македонија има над 10.000 инфицирани граѓани, а само во Скопје повеќе од 6.000. Но, за среќа здравствениот систем се уште добро се држи, особено поради тоа што нема силен притисок врз болниците, односно ковид центрите, а и оној мал број пациенти кои се примаат на болничко лекување се со полесна симптоматологија. Директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Христијан Костов, во разговор за Фактор посочува дека сепак вакцините, како и веќе стекнатиот имунитет од прележаната болест колку-толку го запреа пренатрпувањето во болниците.
Во моментов кај нас болнички се лекуваат 50 пациенти. Одделението за интензивна нега е полно, но има голема разлика од претходните четири брана. Тука лежеа најтешките пациенти, а сега, иако сите се на кислородна поддршка, клиничката слика им е полесна. За среќа нема пациенти со ниска сатурација кои беа речиси секојдневие ланската зима, па и пролетта. Немаше место каде кревет може да се стави. Овие денови примаме најмногу до пет пациенти и главно тие се од другите градови-Прилеп, Валандово, Куманово, Крива Паланка…, посочува д-р Костов.
Линк до целиот текст.





