Британските медиуми пренесуваат дека секој трет имигрант кој илегално го минува Ла Манш и стигнува на британска територија е Албанец, јави Топ чанел.
„Бројот на баратели на азил кои добиваат поддршка финансирана од парите на британските даночни обврзници за првпат достигна 100.000. Тоа го покажуваат податоците на Хоум офисот според кои ова е бројот на имигранти кои на крајот на септември добивале помош од владата“, наспроти помалку од 69.000, колку што бил нивниот број минатата година, наведуваат медиумите.
Рама: Британија да не ги обвинува Албанците за…
Pовеќето од нив добиваат бесплатно сместување и животен додаток од 40,85 фунти неделно за секое лице во нивното семејство.
Албанците сочинуваат 35 отсто или нешто повеќе од една третина, од луѓето кои го преминале Ла Манш со мали бротчиња и гумени чамци во првите девет месеци од годинава, покажуваат новите податоци на британските власти.
Информациите од Министерството за внатрешни работи покажуваат дека имало над 33.000 пристигнувања на мали бродови и чамци во Обединетото кралство од јануари до септември оваа година.
Во овој период се проценува дека во оваа земја влегле повеќе од 11.200 Албанци. Авганистанците се втори на листата со 15 отсто од пристигнатите.






