Во Македонија до крајот на оваа 2023-та година, веќе ќе има 600 илјади граѓани, кои ќе живеат во сиромаштија, со 150 денари на ден, што е секој трет човек во државата, а таа бројка пред само неколку години била 360 илјади граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата потенцираат дека со бедни 80 денари на ден, преживуваат 80 илјади луѓе. Ова се поразителни и катастрофални бројки.

– Во исто време сведоци сме дека функционерите на ДУИ и СДС, секој ден се богатат на грбот на народот и тоа не само они, туку и нивните деца и внуци, кои вртат милионски суми и купуваат имоти на атрактивни локации во центарот на Скопје, истакнуваат тие.
Во соопштението се посочува дека граѓаните бараат одговорност, а одговорноста ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ, по убедливата победата на следните избори.
Таканаречените антикризни мерки не го решаваат проблемот, официјалните податоци потврдуваат дека 600.000 луѓе живеат со 150 денари на ден, тоа е секој 3-ти Македонец. Но, власта и на маката на народот ја гледа како сопствената корист и сака ова да го злоупотреби, рече Митева и додаде дека овој потег на СДС и ДУИ е понижување за граѓаните, додека тие си делат милионски тендери и безмилосно трошат народни пари, на народот му подаваат помош од 1000 денари.
– Ако СДС и ДУИ се надеваат дека граѓаните имаат кратка меморија, еве прилика да ги потсетиме: во 2020-тата година и 2021 година говореа дека потрошиле околу милијарда и 150 милиони од државниот Буџет да помогнат на стопанството и на граѓаните, а лагата им пропадна кога Државен завод за ревизија следната година констатираше дека помошта од страна на државата кон граѓаните и стопанството била само околу 280 милиони. Залуден е обидот на власта “со иста фора втор пат”. Треба да се свесни дека на нивното време за брзо доаѓа крај, граѓаните по промената на владата ќе добијат вистински реформи кои ќе им го подобрат животниот стандард, истакна Митева.





