Високиот комесар на ООН за бегалци (УНХЦР), објави алармантни податоци по повод 20 јуни, Светскиот ден на бегалците.
Секој стоти стоти жител на планетава морал да остави сè зад себе, да го земе само најпотребното, затоа што бил принуден да избега. Поради прогон, војна и насилство или газење на основните човекови права. А повеќе од половина се деца.
Како што се наведува, има речиси 80 милиони бегалци и раселени лица во светот, скоро десет милиони повеќе од пред една година и повеќе од кога било досега.
Меѓународниот систем на закон и ред се распаѓа. Трговијата со оружје се зголемува во светот, што дополнително предизвикува конфликти. Неправедниот економски поредок ги турка луѓето во сиромаштија и во исто време ги лишува од егзистенција.
По кратката пауза на короната, климатските промени најверојатно ќе водат кон незапирливо покачување на температурите, што пак ќе принуди милиони луѓе да ги напуштат татковините.
Високиот комесар за бегалци на ООН, Филипо Гранди предупредува дека бројот на луѓе што се враќаат во своите земји со години се намалува.
Се проценува дека во 90-тите години, околу милион и пол луѓе се враќале во своите татковини, а денес тоа е помалку од 400.000 луѓе годишно.






