Секој момент може да почне напад на Сирија!

САД го испраќаат носачот за авиони „Хари С. Труман“ на мисија на Блискиот Исток и Европа, јавуваат извори на американската морнарица.



Носачот на авионот ќе ја предводи групата од седум бродови и  6.500 морнари на редовна мисија во источниот медитеран.

Носачот на авиони „Хари С. Труман“ ќе ја замени ударната група на носачот „Теодор Рузвелт“, која неодамна ја заврши четиримесечно мисија на Блискиот Исток.

Воените маневри коинцидираат со американските закани за воена акција против Сирија како одговор на наводниот хемиски напад во сирискиот град Дума.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се состанува со советници и во рок од 24 до 48 часа ќе одлучи како ќе одговори на инцидентот.

Американскиот претседател Доналд Трамп го откажал присуството на самитот во Латинска Америка, поради влошената ситуација во Сирија.

„На барање на претседателот, заменик-претседателот ќе замине на негово место. Претседателот ќе остане во САД да го надгледува американскиот одговор за Сирија“ – изјави портпар на Белата куќа.

Во меѓувреме, медиуми јавуваат дека и американски авиони се приближуваат кон руските воени бази во Латакија и Тартус.

Во Дамаск е даден знак за опасност од воздух, додека претседателот Асад бил евакуиран на безбедно место.