Во 2015 година 24,8 проценти од сите македонски граѓани или една четвртина живееле во странство.
Според анализата на Обединетите Нации (Оддел за население) Македонија е трета од пет земји во Западниот Балкан според број на жители надвор од земјата, за кои има податоци. Прва е Босна и Херцеговина а најмал процент на свои државјани што живеат надвор има Србија.
Албанија 38.4% (1,122,910)
БИХ 46.7% (1,650,772)
Црна Гора 22% (138,356)
Србија 10.9% (964,585)
Македонија 24.8% (516,024)
Според дестинација македонските граѓани најчесто живеат во Италија, Германија, Швајцарија и Србија.
Иселените Албанци живеат во Грција, Италија, САД и Австралија, Србите во Австрија, Швајцарија и Германија, Босанците во Хрватска, Србија Германија и Австрија а Црногорците во Србија, Австрија и Македонија.
Според анализата најголем број од граѓаните мигранти од ЗБ живеат во соседните земји.





