Анкета спроведена од „Галуп“ покажа дека повеќе од 600.000 граѓани со право на глас во Бугарија би го продале својот глас на избори во замена за пари.
Истражувањето е спроведено по шпекулациите дека во Бугарија може да се купи глас за 75 до 100 евра.
Бројката од 600.000 изнесува поразувачки 11 % од вкупно 5,5 милиони државјани на Бугарија со право на глас.




