Прехрамбените компании во Македонија останаа без субвенционирана електрична енергија на слободниот пазар од 80 евра по мегаватчас од вчера. Тие произведуваат без субвенции бидејќи поголемиот дел од нив не ги намалија цените на производите, па државата одлучи да ги раскине договорите за евтина струја со нив.
Паралелно се донесеа одлуки за замрзнување на цените на некои производи, мерки за кои екпертите коментираат дека може да донесат и негативни ефекти по одмрзнувањето.
Оваа субвенционирана струја од минатата година околу 400 прехрамбени компании ја добиваа од ЕСМ.
Од Владата претходно информираа дека нема да има последици, односно одговорност, за ваквото повлекување на мерката која се финансираше од буџетот, бидејќи неиспочитуваниот договор бил џентламенски со коморите.






