За време на Втората светска војна од Македонија биле депортирани 7.114 Eвреи кои биле одведени во логорот на смртта Треблинка во окупирана Полска.
Собирањето на Евреите од повеќе градови низ Македонија започнало ноќта помеѓу 10. и 11. март 1943, по што биле донесени во Скопје во зградата на Монополот.
Дури 3.351 Евреи жители од Битола биле транспортирани во Скопје утрото на 11 март 1943 кога практично почнува и големиот погром кој завршува во Треблинка.
Според сочувани списоци, од Битола беа депортирани беа 973 семејства, или едно семејство со 12 членови, 2 семејства со 11 членови, 4 семејства со 10 членови, 14 семејства со 9 членови во семејството… а најмногубројни биле семејствата со 3 или 2 членови во семејството кои пеш биле однесени до Железничката станица во Битола и каде со последниот претрес им биле одземени златните прстени, часовници, бисери и друг накит.
Во списокот на депортираните во Треблинка се и 129 ученици и 115 ученички, родени во иста година, и сите депортирани во ист ден. Во Главните ученички книги од учебната 1942-1943 година што се чуваат во битолскиот Историски архив, на страницата на ученици Евреи, тогашните одделенски раководители напишале „Иселен на 11.03.1943 год.“, за како што нагласуваат хроничари, да се скрие насилството врз Евреите гимназијалци од Битола.
Транспортот на Евреите од Македонија започнал на 22. март 1943 година, а до 29. март истата година биле депортирани сите македонски Евреи во Треблинка, од каде никој не се вратил.
Ликвидирањето на Евреите од Македонија било резултат на договор меѓу нацистичка Германија и Царството Бугарија. Од името на двете држави на 2 февруари 1943 година договорот го потпишале Адолф Бекерле, (германски полномошен министер во Бугарија) и Петар Габровски, бугарски министер за внатрешни работи.
Конкретните планови за депортацијата се документирани во извештај од 12 ноември 1942 година на Министерството за надворешни работи од Германија до Германската легација во Софија во кој се вели дека „Бугарската влада со особено задоволство известува дека конечно ќе се реши еврејското прашање





