Сојзуот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН во паркот „Жена борец” денеска организира положување цвеќе пред Споменикот на децата бегалци Македонци насилно прогонети од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.
Чинопт е во спомен на 72 годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција, во која јголеми жртви беа Македонците и нивните деца.
Пред споменикот ќе положат цвеќе делегации на седумнаесет здруженија на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија и Сојузот МАКЕДОН.
Споменикот на децата бегалци, како вечен паметник за геноцидот врз нив, нивниот егзодус и голгота, е откриен на 30 јуни 1988 година, во чест на одржувањето на Првата светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија од 30 јуни до 4 јули 1988 година.







