Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Елизабета Канческа-Милевска, Зеќир Рамчиловиќ, Нола Исмајлоска – Старова и Емилија Александрова веќе не се пратеници на ВМРО-ДПМНЕ откако синоќа му обедбедија на владејачкото мнозинство да обезбеди двотретинско мнозинство за отворање на Уставот.



Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по гласањето во парламентот одржа вонрена седница и на предлог на претседателот Христијан Мицкоски, едногласно усвои исклучување на овие седум пратеници од партијата.

„Волјата од референдумот беше погазена од две третини, но и осуммина пратеници кои тргнаа против волјата на граѓаните…Седум пратеници кои постапија спротивно на волјата на граѓаните, ме разочараа мене и партијата и татковината и со тоа ќе живеат. Рече Мицкоски на прес-конференцијата одржана по полноќ.