Седуммина загинаа на аеродромот во Кабул во обид да ја напуштат земјата

Евакуацијата од Кабул продолжи ден откако влегувњето на талибанците предизвикааа паника во главниот град на Авганистан, а илјадници луѓе упаднаа во меѓународниот аеродром во очајнички обид да избегаат.



Најмалку седум лица загинаа вчера, вклучително и неколкумина кои висеа на авион при полетување.

Претставник на западни безбедносни агенции денеска за Ројтерс изјави дека пистите на аеродромот под контрола на САД сега се празни и дека повторно почнаа летови за евакуација на дипломати и цивили.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека цврсто стои зад одлуката за повлекување на војниците од Авганистан и жестоко го критикуваше поранешното државно раководство дека не успеало да им се спротивстави на Талибанците.

Паоло Гентолони, комесар за економија на Европската унија изјави дека Европа треба да создаде хуманитарни коридори за прием на бегалци од Авганистан, но и да го избегне неконтролираниот прилив на илегални имигранти:

„Мислам дека Европа, без двоумење, треба да се направат тие коридори како и организиран прием со цел да избегне неконтролирано доаѓање на илегални имигранти. Или барем оние земји што се подготвени за тоа треба да го сторат тоа “, изјави тој за италијанскиот весник„ Ил Месаџеро “.

Македонија, Албанија и Косово се земји кои пријавија подготвеност да прмат авганистански бегалци.