Државна лотарија известува дека синоча во 95.коло од играта на среќа ЛОТО 7, постигната е лото-премија во вредност од 32.921.304 00 денари, (околу 535.000 евра).
Според податоците од системот, дознаваме дека уплатата е извршена на продажното место ДЕТЕЛИНКА, во Кичево. Уплатени се 5 лото-комбинации, а добитна е 5-тата комбинација со броевите: 2, 10, 11, 12, 24, 36, и 37.
Ова е 27-ма лото-премија од почеток на приредување на игрите на среќа на Државна Лотарија (од 2010 година).
За 7-ка досега се славеше во: Свети Николе, Неготино, Тетово, Струмица, Кавадарци, Кичево, Куманово, Битола и Скопје.
Рекордната премија во вредностнад 41.000.000 денари е постигната на 26 октомври 2021 во Визбегово, Скопје.







