Седум починати од почетокот на сезоната на грип

Грипот коси во Северна Македонија. За една недела две лица починаа – 20 годишна девојка од Скопје, како и 36 годишен пациент од Демир Хисар.



Досега се регистрирани седум смртни случаи од оваа заразна болест од почетокот на сезоната на грип, пренесува Дојче веле.

„Кај починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети – хематолошки, кардиоваскуларни, обезитас и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип“, посочуваат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ)

Најавите се дека пикот на заразени со грип ќе биде постигнат на крајот на февруари.

Последните анализи на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажуваат дека бројот на заболени лица од грип во државата во последната недела пораснал.

Најмногу заразени се регистрирани во Дебар, Ресен, Кавадарци и Кратово.