Повеќе од две третини Грци се решени да не го викаат северниот сосед со новото име „Северна Македонија“, според Преспански договор, покажуваат резултатите од истражувањето на грчката агенција „Метрон анализи“.
Вкупно 71 процент од испитаниците во нејзиното истражување на јавното мислење одговориле дека соседната земја ќе ја викаат „Скопје“, по името на главниот град.
Помалку од една четвртина или 24 отсто одговориле дека ќе ѝ се обраќаат на државата на север од Грција со „Северна Македонија“.
Спротивставувањето на договорот Заев-Ципрас од големо мнозинство Грци го потврдува и податокот дека 69 проценти од анкетираните го сметаат за негативен, наспроти 25 отсто кои на него гледаат позитивно.





