Последниве 7 години сме комплетно избришани од репертоарот на Македонската филхармонија и фестивалите низ цела држава но затоа ќе си газиме надвор…
Новогодишен концерт на Ана Дурловски со Штутгартска филхармонија.
Да живее уметноста!
Ова е статусот на Игор Дурловски еден од водечките македонски оперски певци кој настапува низ целиот свет но затоа во Македонија, најверојатно поради политичка цензура во уметноста, не добива покани за настап.
Слична е и судбината на неговата сопруга Ана Дурловски која е гостин на престижните светски оперски сцени но дома нема можноста за настапи.
Поканата за Ана Дурловски да настапува на новогодишниот концерт на Штутгартска филхармонија е успех кој го постигнале мал број светски уметници.
Штутгартска филхармонија е формирана пред 100 години и важи за опера на богатата германската покраина Баден – Виртемберг.
На сцената на оваа филхармонија настапуваат само врвни светски уметници меѓу кои годинава за настанот на сезоната ќе биде и македонката Ана Дурловски за која нема место на македонските оперски натастани.
Игор Дурловски беше обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок по што беше амнестиран но ја одби амнестијата и остана в затвор по што инстистираше на целосно расветлување на обвиненијата кои подоцна пропаднаа.






