Седум години без правда за масакрот кај Смилковско езеро

За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ главни осомничени за масакрот кај Смилковско еверо што се случи на 12 април 2012 на Велики четврток.



Тој ден, пред 7 години беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, сите на возраст од 18 до 21 година од скопската населба Радишани како и  45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево.

За петкратното убиство кај Смилковското езеро беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.