Кина ја одбележа 70-годишнината од создавањето на народната република со голема воена парада на плоштадот „Тиенанмен“ во Пекинг, на која претседателот Кси Џинпинг порача дека „нема сила што ќе го разниша статусот на оваа голема нација“.
На парадата продефилираа 15.000 војници, а беа прикажани и повеќе видови оружје и воена техника, вклучувајќи и хиперсонични дронови и интерконтинентални балистички проектили.
По воената следуваше цивилна парада, со која им беше оддадена почит на националните икони како основачот на државата Мао Цетунг и велосипедите по кои беше позната Кинапред да стане економска велесила, па до градовите што изникнаа по спроведувањето на реформите во 1980-тите.





