Седум „борци“ на ИСИС од Македонија добија од 6 до 9 години затвор

Кривичниот суд во Скопје на затворска казна од 6 до 9 години ги осуди  македонски државјани кои биле дел од паравоената формулација на ИСИС. Елмедин Османи, Ахмед Џенгис, Орхан Жупани, Буњамин Фето, Сафет Рамадани, Ибрахим Шабани и Алмир Миртовски  ги осуди на шест години затворска казна, а за еден од обвинетите изречена е казна затвор од 9 години.



Тие на минатото рочиште го признаа делото за кое беа обвинети: Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации и терористичка организација.

„Судот утврди дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кои се теретат во обвинението. При одредување на видот и висината на санкцијата судот ги имаше во предвид олеснителните и отежителните околностите при што судот им ги одмери казните на сторителите во границите пропишани со закон за тие кривични дела имајќи ги во предвид евиденцијата за кривичната одговорност на сторителите, тежината на делата како и целта на казнувањето. Спречување на сторителите да вршат вакви и други кривични дела и нивно превоспитување“, рече судијката која го води процесот, Џенета Бегтовиќ пренесува порталот „Судство“.