Во синоќешното гостување на ТВ21, претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека седницата за уставните измени стои отворена за да се даде простор да се донесе одлука во интерес на граѓаните.



Џафери тврди дека процедурите дозволуваат седницата за гласање на уставните измени да стои отворена се додека не се обезбедат потребните гласови.

„Нема за тоа рок кога треба да се затвори. Може да се затвори веднаш, тоа е најлесно, но што ќе добиеме со тоа. Вака даваме простор на сите добро да размислат и да донесат одлука во интерес на граѓаните, а не во интерес на партијата и парламентарните избори кои следат“ – рече Џафери.

Според Пржинскиот договор, техничкиот премиер ќе биде Албанец, рече Џафери, а опозицијата ќе добие три министерства.

.

-Договорот од Пржино е на сила и ќе има технички премиер, премиер Албанец – изјави Џафери на ТВ21.