Претседателот на Собранието, нема да закаже седница за законот за СЈО, кој е еден од реформските закони кои ЕУ ги бара, за време на предизборна кампања без разлика дали за тоа ќе се договорат партиите.
На брифинг со новинарите Талат Џафери соопшти дека во тој период нема да се закаже седница бидејќи таквите седници пратениците ги користат за предизборна кампања.
Џафери вели дека по завршувањето на претседателските , земјата ќе има и нов претседател и тогаш на седница ќе ги стави реформските закони на кои претседателот Ѓорге Иванов одбиваше да стави потпис.





