За во понеделник е закажана седницата на Советот за безбедност на ОН за Косово, јавува ТАСС, но Запад бара седницата да се одржи зад затворени врати.
Извор на агенцијата во постојаната руска мисија во ОН изјавил дека Русија и западните земји не успеаја да постигнат консензус за форматот на седницата на Советот за безбедност на ОН.
Русија и Србија побара од состанокот на Советот за безбедност на ОН „поради ситуацијата која настанала откако т.н. парламент во Приштина одлучи да ги трансформира Косовските безбедносни сили во војска“, што е спротивно на Резолуцијата 1244, со која е предвидено само присуството на меѓународните сили на Косово.
Според ТАСС, српскиот претседател Александар Вучиќ треба да отпатува во Њујорк во врска со ова.
Претставниците на 15-те земји-членки на Советот одржаа неформален состанок минатата ноќ, изјави дипломатски извори пред ОН.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на состанокот изразил загриженост по одлуката на Косово и ги повика „сите страни“ да се воздржат.





