Агенцијата Ројтерс објавува различна сторија од таа на српските медиуми за инцидентот во Белград.
Член на училишното обезбедување загинал а најмалку пет ученици се ранети откако утринава мава ученик отворил оган во училиште во центарот на Белград, соопшти српската полиција, пренесува Ројтерс.

Полицијата објавува дека по инцидентот е уапсен ученик од седмо одделение.
Претходно полициски специјалци со шлемови и панцири ја опколиле областа околу основното училиште „Владислав РИбникар“ во централната населба Врачар, каде што се случила престрелката.
„Видов деца како трчаат од училиштето, врескаат. Родителите дојдоа, тие беа во паника. Подоцна слушнав три истрели“, изјави за државната ТВ РТС девојка која посетува средно училиште во непосредна близина на Владислав Рибникар.
Жртвите се веднаш згрижени, а истрагата за мотивите зад пукањето е во тек, се вели во соопштението на полицијата која не дава никакви детали за инцидентот.
Масовните пукања се релативно ретки во Србија, која има многу строги закони за оружје. Но, Западен Балкан е преплавен со стотици илјади нелегално оружје по војните и немирите во 1990-тите.
Српските власти издадоа неколку амнестии за сопствениците да предадат или регистрираат нелегални пиштоли, јавува Ројтерс.
Српските медиуми со различни информации за трагедијата
A security guard died and at least five students were wounded after a schoolboy opened fire in a downtown Belgrade school, Serbian police said https://t.co/RxdUXhw49j pic.twitter.com/X1isMLaSTA
— Reuters (@Reuters) May 3, 2023






