Премиерот Ковачевски денеска беше обвинет дека правел селфи и се занимавал со телефонот додека на говорницата му беа поставувани пратенички прашања.
Ова обвинување го изнесе пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стеменковска – Трајковска која го праша премиерот што сработил и колку седници имал Советот за реформи во образованието каде Ковачевски е заедно со уште четворица други министри од ДУИ.

Ковачевски од говорницата негираше дека правел селфи и побара извинување од Стаменковска – Трајковска и кажа дека советот за реформи во образованието се сретнал 14 пати без конкретно да каже што е направено како резултат.
На страна на Ковачњвски застана претседавачот со собраниската седница Горан Мисовски, лидер на коалициониот партнер на СДСМ, кој рече дека Ковачевски не правел селфи и дека сите пратеници понекогаш гледаат во телефоните.
Стаменковска Трајковска која по професија е наставник во одговор рече дека нема намера да се извини затоа што премиерот се однесувал некултурно.
Таа беше незадоволна од одговорот на Ковачевски по што му порача: ,,Седи премиере единица”.
Најчитани вести
Популарната Норе Мехмети не се плаши од моќната владеачката партија
Новинарка ја прогласи ДУИ за најголемо зло во историјата на Македонија





