Граѓаните плаќаат патарини, но воопшто не се задоволни од состојбата на автопатиштата во земјава.
Граѓани се жалат дека дупките по автопатите и немањето сигнализација на некои делници патувањето го прават небезбедно и велат дека се директно изложени на опасност кога врне, бидејќи дупките се полнат со вода.
Според податоците на полицијата, само минатата година имало 616 на автопатските делн ици на кои се плаќа патарина, пишува Алсат.
„Како да се плати, катастрофа. Уште полошо, нема каде да се оди, џабе плаќаме, ова никаде го нема“, реагираат граѓаните.
Институциите меѓусебно се обвинуваат зошто не се подобрува состојбата на патиштата. Од ЈП „Државни патишта“ велат дека со тоа треба да се занимава „Македонија пат“.
Од „Македонија пат“, паК, велат дека работат врз основа на програмата која ја потпишува Претпријатието за државни патишта.
Но на крајот цехот го плаќаат граѓаните од кои некои се прибнудени секојдневно да патуваат.
„Од Тетово до Скопје и назад тоа се 160 денари само за оваа давачка. Некому му доаѓа да потроши околу 40.000 денари годишно само за патарини на оваа делница.
Граѓаните кои патуваат од Велес до Скопје и обратно плаќаат по 240 денари или околу 1.000 евра годишно.
Од Гостивар до Скопје и обратно 68 илјади и за Куманово над 48 илјади денари“, пишува Алсат.






