Се затвораат дуќаните во Охридската чаршија

Во старата чаршија, каде претежно работат занаетчиите во Охрид, само мал дел ги отвораат своите дуќани накратко и по неколку часа ги затвораат и си заминуваат, велат дека побарувачката е драстично намалена .



Пандемијата со Ковид-19 ги затвори дуќаните на седум занаетчии во Охрид. Во текот на оваа година клуч на врата ставија дел од занаетчиските бизниси, а според трендот и најавите во наредните два месеци бројката ќе се зголемува, велат од занаетчиската комора.

Покрај корона кризата и понатаму актуелен е  и проблемот со нелојалната конкуренција. Во Комората е регистриран само еден водоводџија, еден паркетар и двајца молери кои го одржуват цел Охрид што нема никаква логика, вели Богоески. 

Во Охрид има 250 занаетчии, а од година во година опаѓа бројот на ново регистрирани.

Сител