Се затруле од хлор во базен во хотел во Охрид

Седум лица синоќа се затруле со хлор бањајќи се во затворен базен од елитен хотел на Охридското крајбрежје, објави Алфа. Се работи за лица од 19 до 45 годишна возраст, но меѓу нив имало и две малолетни деца.Случајот го потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.



Синоќа околу 20 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел на брегот на Охридското Езеро, неколку лица што го користеле затворениот хотелски базен манифестирале знаци на труење со хлор. Притоа, во Општата болница во Охрид и во болницата во Струга пренесни се вкупно 7 лица, од кои 5 од Скопје и две лица од Охрид а две од нив се малолетни лица

Од охридската болница не успеавме да добиеме информација во ваква состојба се затруените,бидејќи директорот не одговара на повиците. Од струшката болница транспарентни, таму лекарска помош побарало едно возрасни лице и неговите две деца.

“Пациент дошол на интерно одделение донесен со брза помош од Охрид, направени се соодветни инспитувања во интерно одделение. После подобрување на состојбата самоволно се потпишаа да си заминат.Од друга страна има две деца во оддел педијатрија значи биле нивните деца” – вели  Армен Арслани,директор на општа болница Струга

Децата првично примиле соодветна терапија во итната помош во Охрид и од тука биле пренесени во струшката болница каде биле направени лабараториски и други испитувања. После два часа откако им се подобрила здравствената состојба самоволно потпишале и ја напуштиле болницата.