Се вжештува судирот во СДСМ меѓу ,,Тим Спасовски” и ,,Пендаровисти, Реалисти, Радмилисти и Заевисти”

Засилувањето на пропагандните активности на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во медиумите и на социјалните мрежи е потврда дека претседателот Пендаровски се откажува од кандидатура за втор мандат.



Ова го тврдат членови на СДСМ кои се против било кој од двајцата да бидат кандидати за претседател и кои предлагаат надпартиска фигура која ќе го претставува таканаречениот ,,европски фронт” на следните избори.

Агресивната кампања што ја води Спасовски преку своите механизми на социјалните мрежи и медиуми таргетира две цели, тврдат изворите на expres.mk.

Едната е да се елиминираат Пендаровски и Шеќеринска од трката за кандидати за претседател а втората која што е поважна да направи контекст во кој министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски би бил главен фаворит за иден лидер на СДСМ.

Изворите тврдат дека централна цел на Спасовски е да биде иден лидер и дека за таа цел би се откажал од кандидатурата за претседател ако процени дека има шанса да го наследи Ковачевски.

Засега партијата е поделена на пет табори за претседателски кандидат на СДСМ но и за иден лидер на истата.

Првите се ,,Пендаровисти”, кои преку актуелниот шеф на државата сакаат да ги елиминираат Спасовски од било каква функција во иднина.

Вторите се ,,Тим Спасовски” кои работат сериозна кампања во јавноста и меѓу членството со цел министерот за внатрешни работи да биде иден лидер на СДСМ по очекуваниот крај на партијата на следните избори.

Третите се приврзаници на Шеќеринска која доколку не ја добие посакуваната позициија амбасадор на НАТО во Вашингтон би се вклучила директно во битката или би поддржала една од страните како што направи со Зоран Заев кога тој го смени Црвенковски.

Червртите се ,,Заевисти” кои се надеваат дека по поразот на СДСМ на идните претседателски и парламентарни избори ќе се вратат на чело на партијата најверојатно преку ликот на Венко Филипче.

Петтата и засега најслаба група во СДСМ се ,,Реалисти” кои гледаат дека партијата по катастрофата што ја предвидуваат сите идната година ќе мора да се промени од темел ако сака да продолжи да биде важен чинител на политичката сцена.

,,Барајќи реформи во ВМРО-ДПМНЕ не видовме дека ние сме печени за длабоки резови во кадровска, идеолошка, комуникациска, национална и економска смисла”, коментира еден член на групата ,,Реалисти” која засега е разединета и нема своја структура и план.

Заеднички став на сите фракции во СДСМ е дека премиерот Ковачевски поради прикажаните перформанси за најдоцна една година ќе биде елиминиран од партијата и владата и ќе мора да си замине од политиката.