Од денеска терасите со угостителски објекти можат да ги опслужуваат гостите до 20.30 часот, бидејќи од вечерва „полицискиот час“ започнува во 21.00 часот, еден час подоцна отколку претходните недели.



Новите мерки за спречување на ширење на ковид, кои ќе бидат на сила до 15 мај, а воедно престанува да важи забраната за организирање семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков вид.

Сепак, останува забрана за работа на сите фитнес клубови и сали за вежбање, но исклучок се компаниите кои можат да ги организираат овие спортски активности на отворено со примена на мерки за лична заштита.

За Велигден, ограничувањето на движењето на граѓаните нема да важи во вечерните часови помеѓу 1 и 2 мај, а за Бајрам во ноќта помеѓу 13 и 14 мај, но преппорака е богослужбите да се одржуваат на отворено.