„Само фалете ја владата дека во усреќува и нема никогаш за ве тужат за клевета“, реагира и адвокатот Александар Тортевски на Предлог законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета кој предвидува де се одговара за објавување на „негативно мислење“.
Предлогот на Владата, преку Министерството за правда деновиве влезе во собраниска процедура.
,,За навреда одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, со изјава, содржина, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази омаловажувачко, понижувачко или негативно мислење“, стои во спорниот став од членот 6 во Законот”.
Дали владиниот предлог значи цензура и враќање на таканаречениот „вербален деликт“ што беше укинат по крајот на социјализмот.
„Новиот предлог да се одговара за навреда и за „негативно мислење“ не е ништо помалку од цензура на мала врата! Јас можам да напишам дека Владата не работи добро- оп тужба за навреда. Комшијата има лоша фризура- оп навреда. Кој латентни нацисти сте Вие!!!“, пишува за предлогот на владата адвокатот Јанаки Митровски.
И пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков информираше дека во Собрание пристигнал од Министерство за правда предлог законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, па на Фејсбук реагираше во неверица:
„Власта бара за НАВРЕДА да СЕ ОДГОВАРА и со изразување на НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ! Одговорност за мислење? Што е следно полиција за мисли?“, прашува Лефков.
Според актуелниот закон, новинар можеше да биде казнет за навреда и клевета со максимум 2 000 евра, 10 000 за уредникот и 15 000 за правното лице, пишува Фокус.
Со новите измени се предвидува судот да да не може да досуди поголема сума од 400 евра за новинар и 2000 евра за уредник, а медиумот не повеќе од 5.000 евра.
Според неофицијални информации од оние кои учествувале во преговорите и изработката на текстот на предлог – законот, најверојатно се работи за превид којшто би требало да биде коригиран со амандмани.







