Се вакцинирале ли соработници на Филипче и функционер на СДСМ во Ниш?

Кире Колемишевски, министре бе, ти си ова? Со Јован и Сандра од кабинетот на Венко Филипче @VFilipche, во Ниш отидовте на вакцинација?
Кај ве фатиле вака групно,
малку језиво ми е.
Знае Зоран Заев @Zoran_Zaev за ова?



Овие прашања врз основа на фотографија објавена во медиумите ги поставува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Засега нема реакција од Колемишевски кој како функционер на СДСМ беше заменик министер за економија нити од кабинетот на Филипче.