Д-р. Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во 24 Анализа на ТВ 24 вели дека со вакцинација треба да се започне уште денеска.



„Врвот на превентивната медицина е вакцинација. Колку и да чини, и најскапа да е, ќе се исплати, Вакциннација треба уште денеска. Убава е приказната дека околу 30 до 40% стекнале имунитет, прашање е колку ќе имаат касни последици, сметајте дека ќе има 100 илјади луѓе со компликации ако одиме по тој пат. На било кој начин, лично ме погаѓа гледам Бутан почнале со вакцинација, Непал, Бангладеш, Пакистан, а ние?, вели Беќаровски.

„Секое дежурство ми доаѓаат касни компликации од ковид. Има луѓе каде  белодробието е сериозно оштетено, кај нас 10% завршуваат во болница, а од нив 15 до 20% имаат трајни компликации. Има луѓе кај кои немало шеќерна болест, откако прележале се појавила.  Еден пациент со шеќерна болест здравствената каса ја чини како илјада вакцини, за третманот. Ние веќе дојдовме да гледаме касни компликации кои ќе го чинат фондот екстремно скапо, рече Беќаровски.

Вечер