Се утврдува кој е виновен за сообраќајката во која учествувал и Зоран Милески

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека стручните служби работат на утврдување на одговорноста за сообраќајната несреќа во која е вклучен Зоран Милески-Кичеец.



„Јас искрено жалам што се случи сообраќајна незгода и што има починато лице, тоа е најголемата загуба, за сите други аспекти ќе се произнесат сите други експери во МВР, точно ќе се утврди кој е виновен и тој ќе мора да носи одговорност.

Ги имаме ние идентитетите, се работи на тоа  и ако има каква каква било поврзаност, со нешто сомнително за тоа ќе се преземат мерки, изјави министерот“, одговарајќи на новинарско прашање.