Италијанската служба за брза помош потврди дека „десетици” луѓе загинаа по уривањето на мост на автопатот во близина на градот Ѓенова. Министерот за транспорт, Данило Тонинели, го опиша инцидентот како „огромна трагедија“.
Дел од автопатот А10 во пристанишниот град се урна во вторникот изутрина. Службите за итни случаи се наоѓаат на местото на настанот, а расте загриженоста за бројот на загинати бидејќи има автомобили под урнатините.
Мостот, исто така познат како Понте Моранди, бил изграден во 1968 година, но истиот бил обновен во 2016 година.





