Според медиумите се работи за авион Боинг 737-300 за гаснење пожар.



Според извештајот на австралиската ТВ мрежа ABC, двајцата пилоти кои управувале со авионот успеале да се спасати се здобиле само со полесни повреди.

Соборениот авион и припаѓал на компанијата „Колсон авијација“, а бил ангажиран во гаснењето на два големи пожари кои беснеат во националниот парк реката Фицџералд, кој се наоѓа на околу 275 милји југозападно од Перт.

Наводно, при подигнувањето на леталото настанал проблем, кој не успеал да се искачи на потребната висина.