Комисијата за заштита од заразни болести на денешната седница донела заклучок и и предложила на Министерството за здравство, а потоа и на Главниот координативен Кризен штаб на Владата да се укине мерката за задолжително поседување негатвен ПЦР тест или сертификат за вакцинација или за прележан ковид, при излез од земјава, која беше донесена минатата година.
Портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ рече дека ова не значи дека нашите граѓани ќе можат да патуваат без овие документи во други земји, односно влезот во други земји зависи од она што секоја земја ги бара. Ова се однесува само на мерката според која не можеше да се излезе надвор од границите без да прикажат негативен ПЦР тест или сертификат за вакцинација или прележан ковид.
Оваа одлука Владата ја донесе на 31 август лани, а стапи во сила следниот ден на 1 септември.





