Од 130 лица во гумениот чамец што потона покрај брегот на Либија никој не преживеал, соопшти синоќа организацијата СОС Медитеран.
Бродот на невладината организација Океан Викинг ја пребарува областа на несреќата северо-источно од Триполи пронајде најмалку 10 тела.
Организацијата СОС Медитеран соопшти дека во текот на изминатите два дена се борела да ги координира напорите за спасување на три брода во меѓународните води покрај Либија.
Според податоците на ОН, повеќе од 350 лица веќе ги загубија своите животи на миграциската рута на Централниот Медитеран досега оваа година, не вклучувајќи ги последните смртни случаи.







