Се сушат нивите со ориз, оризопроизводителите протестираат

Недостигот на вода во оризовите полиња и појавата на болести кај оризот, ги натераа оризарите од кочанскиот регион да излезат на протест и да го искажат незадоволството.



Околу 500 декари оризова површина во кочанско Облешево е под опасност да се исуши бидејќи веќе 20-тина дена е без вода.

Недостатокот на вода, но и проблемите со болестите придонесуваат за намалено производство од најмалку 50%, додаваат производителите на белото злато, кои укажуваат на тоа дека за да се покријат трошоците, откупната цена за килограм оризова арпа треба да се зголеми.

Раководителот на кочанската подружница на Водостопанство, „Брегалница“, Благојчо Богатинов, пак вели дека затворањето на водите е во договор со водокорисниците, но подготвени се да формираат комисија за да најдат заедничко решение.

Оризарите на кои што сушата речиси секоја година им уништува дел од производството многу пати досега преку протести и блокади ги бараа своите права.