Се сретнал со Зекири: И Дамјан Манчевски во самоизолација

И министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, оди во самоизолација. Тој, како што самиот објави, имал средба со потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој на фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус.



„На средбата беа применувани здравствените протоколи, но сепак препораките на здравствените експерти се најважни и мора да ги почитуваме“, објави Манчевски на фејсбук.