Се срамат ли 91 директори лекари што го ,,спасуваа” Филипче по пеколот во модуларната болница? (ТВИТ НА ДЕНОТ)

Се срамат ли 91 директори лекари што пишуваа статуси за спас на Филипче по смртта на 14 луѓе во Тетовската модуларна болница?



Ова прашање се наметнува откако ИРЛ излезе со емисијата од која се гледа дека токму екс министерот Венко Филипче е најодговорниот за пеколот во модуларната болница.

Голем дел од нив се уште се директори на клиники а нивните имиња со кореспонденцијата со која се гледа планот и спроведување на поддршката за Филипче тогаш беа објавени од повеќе медиуми.

Во една од пораките меѓу директорите се вели ,,Ако Филипче го нема и нас ќе не нема”.