Се спаси ли Кина од корона, додека светот очекува хаос? (ВИДЕО)

Новиот коронавирус полека почнува да ја губи битката со здравствените власти во Кина, според повеќе извори вирусот го снемува во Вухан, местото каде што што првично се појави.



По битка долга 70 денови Кина според се уште официјално непотврдени информации ја победила војната против коронавирусот во која имаше голем број на загубени човечки животи.

Во меѓувреме на социјалните мрежи со голема брзина се споделува видео на кое се гледа како медицинскиот персонал ги вади маските и прославува за успешно завршената работа.

Според објавените информации од страна на портпарол од Националната Здравствена Комисија на Кина, бројот на ново заразени од новиот коронавирус опаднал за 20 пати помалку во Вухан, додека во другите градови нема нови пријавени случаи заразени од коронавирусот.

Во видеото лекари од последната привремена болница во Вухан ги вадат маските и симболично прикажуваат дека кризата е завршена.

https://twitter.com/coolstuffcheap/status/1237884089794834440?s=20