Шефицата на СЈО, Катица Јанева, преку преку прес-службата на Специјалнопто обвинителство негира дека издала наредба за претрес на персоналот кој влегува и излегува од зградата на Специјалното.
Обвинителката Фатиме Фетаи вчера ја крена целата јавност „на нозе“ откако за неколку медиуми изјави дека вчера, кога се вратила од пауза од полициски службеник ѝ било побарано да биде претресена бидејќи таква наредба имало од шефицата за сите вработени.
Фетаи, не само што не ја послушала наредбата, туку ја побарала Јанева, но откако не ја нашла –„сочно“ ја испцула, а според некои медиуми и ја плукнала – во камера.
Тензиите во СЈО меѓу обвинителите траат од понеделникот кога на колегиум што го закажала шефицата СЈО, Јанева, наводно, директно се заканила дека доколку не ја бранат, таа ќе ги повлече сите.
Инаку , Катица Јанева потврдила дека добила покана за распит од ЈО.





