Се штеди на храна за да се платат сметките за струја и греење, до каде ќе оди скапотијата?!

Една третина од населенито, според истражувањето на „Аналитик“, се изјаснило како енергетски сиромашно, проблем што ќе станува уште поголем ако државата не преземе мерки со кои ќе им помогне на најранливите. Според последните податоци, 37% од граѓаните се незадоволни од доцнењето на сметките за наплата на вода, 62% не се задовлони од испораката на струја, односно од ненавремено читање на броилата, а дури 60% од луѓето се неадоволни од, како што велат, лошите услуги на јавните препријатија.



За да се обезбеди подобра услуга за граѓаните мора да има систем кој ќе работи на тоа, а за жал кај нас ништо од тоа не функционира. За луѓето да не кратат на храна, лекови или превоз за да ги покријат трошоците за енергија, експертите бараат државата да има поголема контрола врз енергетскиот систем, но и подобра социјална заштита отколку директна еднократна помош.

И додека ранливите категории граѓани едвај крпат крај со крај и не знаат како да го истуркаат месецот, Владата ја нема никаде да најде начин како да им помогне на овие луѓе.

Инаку, Македонија е лидер во регионот кога е во прашање бројот на сиромашни семејства, па така околу 440.000 граѓани живеат во сиромаштија. Од нив, околу 8% од сиромашните се вработени, 45% од сиромашните се невработени, 7% се пензионери и 33% останати. Доказ за зголемувањето на бројот на сиромашни во земјава е и растот на социјалните случаи, кој за период од две години е дополнет со нови 9.000 семејства.