Засега неидентификуван маж смртно се застрелал откако утрово удрил со својот автомобил во безбедносна барикада на Капитол во Вашингтон, соопшти полицијата.



Американската полиција во краткото соопштение соопшти дека тој излегол од своето возило откако удрил во него околу 4 часот по полноќ, по што возилото било „зафатено од пламен“.

Потоа „испукал неколку истрели во воздух“ и се застрелал додека полицајците се приближувале, соопшти полицијата.
Никој друг не е повреден во инцидентот и се чини дека мажот немал намера да нападне некој од членовите на Конгресот.

Според властите, во тек е истрага за потеклото и на човекот како и мотивите.