Се редуцира јавниот превоз во Скопје – автобусите во гаража

Автобусите на ЈСП „Скопје“ и приватните превозници, од денеска ќе возат според саботниот возен ред односно автобуси ќе има поретко. Оваа одлука од претпријатието ја донесоа поради препораките на Владата граѓаните да останат дома,пренесе СакамДаКажам.



„Мерката се презема поради пониската фрекфенција на патници и намалената раздвиженост низ градот. Возниот ред на автобусите граѓаните можат да го видат веб страната на претпријатието. 

Мерката ќе важи до 21 март“, велат од ЈСП „Скопје“.