Пензискиот систем во Хрватска, кој се базира на солидарност меѓу постојно вработените  и пензионерите, се распаѓа бидејќи бројоот на работници и на пензионери е речиси изедначен.



Во моментот во Хрватска има 1.52 милиони работници, односно лица кои плаќаат пензиско осигурување и 1.24 милиони пензионери, што значи дека на секој пензионер има 1.23 работници.

Изгледа  речиси неверојатно дека во раните 80’-ти години, на еден пензионер имало 4 работници,  односно дека 4 лица издвојувале за еден пензионер.

Пред околу десет години, Хрватска имала 1.6 милиони вработени, но сега тој број не може да се постигне поради недостигот на луѓе.

Имајќи предвид дека овој однос ќе се влошува поради масовната емиграција и опаѓањето на природниот прираст на население, оние кои ќе се пензионираат по 20-30 години може да заборават дека ќе имаат државна пензија, пишува Indekx.hr


https://www.expres.mk/hrvatite-sobraa-potpisi-za-referendum-protiv-zaminuvanje-vo-penzija-na-67-godini/