Изминатите денови се расчисти теренот за изградба на нов објект во непосредна близина на скопскиот трговскиот центар Буњаковец во Центар, откако на истото место во декември 2021 тука изгореа бараките на јавното претпријатие „Улици и патишта“.
Тогаш излегоа медиумски информации дека на истото место во центарот на Скопје, каде што за време на доцните вечерни часови пламнаа бараките, предвидена е изградба на станбена зграда.

Од ЈП „Улици и патишта“ сепак велат дека просторот е во нивна сопственост и дека таму повторно ќе се прави нов објект со деловни простории за нивните потреби.







