Се препознаа ли Шеќеринска и Заев во велигденската папска порака со назнака “скандалозно”?

Се препознаа ли Министерката за одбрана и премиерот Заев во велигденската порака на папата Франциско кој зборуваше дека е скандалозно во ек на епидемијата државите да набавуваат оружје.



На свечената велигденска порака Франциско ја прочита својата порака „Урби ет Орби“ (до градот и светот), во која традиционално ги разгледува светските проблеми и апелира за мир.

Во пораката папата ја критикуваше набавката на оружје за време на пандемијата и овој чин го нарече скандалозен.

Пред дваесетина дена вицепремиерката за одбрана Шеќеринска и премиерот Заев објавија набавка на борбени возила за потребите на Армијата во вредност од 210 милиони долари.

“Пандемијата сè уште се шири, додека социјалната и економската криза останува сериозна, особено за сиромашните. Сепак – и ова е скандалозно – вооружените конфликти не завршија и воените арсенали се зајакнуваат”, рече папата, втора година по ред обраќајќи му се на светот од мала просторија во Ватикан наместо на плоштадот Свети Петар пред десетици илјади верници.

Македонија е една од ретките држави во светот која набави големи количество на борбена воена опрема во текот на пандемијата а која не е во конфликт или војна.

Обраќањето на папата на овој ЛИНК

Потврдата на Шеќеринска за набавката на борбените возила во екот на корона пандемијата на овој линк

Уште еден скандал во најава

Нова серија колумни за в затвор – пишува Горан Момироски