На интернет се појави снимка од надзорните камери, на кои се гледа трагичниот настан пред клубот „Привилиџ“ во Скопје, во кој животот го загуби хрватскиот ракометар Денис Тот.
Од снимката јасно се гледа дека младиот ракометар е крвнички претепан пред клубот, пренесува Плусинфо.
Првичните информации од надлежните институции беа во насока дека сега ракометарот починал од „срцев удар“ откако „без видливи знаци на насилство“ бил пренесен во Урхентен центар каде бил реанимиран,но починал еден ден подоцна- на 8-ми април.
Ден подоцна се огласи обвинителството кое соопшти дека станува збор за убиство, бидејќи по прегледаните видео записи од надзорните камери, осомничени се три лица кои со тупаници и клоци го удирале ракометарот.
Познато е дека три лица се осомничени за смртта на ракометарот, меѓу нив и девојка која има 19 години.







